Мотоциклист потешко повреден во сообраќајка во Скопје

by fokus 11:15
11:15

Мотоциклист е потешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера во 10:50 часот на улицата „Скупи“ во Скопје.

Во сообраќајна незгода, акако што информира МВР, учествувале мотоцикл „БМВ адвентор“ со скопски регистерски таблици управуван од Б.Х.(48) од Скопје и патничко моторно возило „Хундаи И30“ со скопски регистерски таблици, управувано од А.П.(50) од Скопје.

- Advertisements -

По незгодата Б.Х. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости