Мотоциклист изгубил контрола и удрил во сообраќаен знак, заврши на скопските клиники

by Fokus

Дваесет и петгодишен мотоциклист изгубил контрола и удрил во сообраќаен знак, при што е пренесен на скопските клиники, информираа од МВР.

Според полицијата, на 08.04.2018 година во 12,40 часот на регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак, атар на село Нова Брезница, мотоцикл “Кавасаки-550“ со скопски регистерски таблици управуван од Ф.Ш.(25) од Скопје изгубил контрола и удрил во сообраќаен знак. Ф.Ш. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники Мајка Тереза, каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје на местото на настанот бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости