Со напис со наслов ,,Обиколка на градот познат како светска престолнина на кичот“ , Индипендент се навраќа повторно на ,,градежниот феномен“, Скопје 2014, објавува Ако.
,,Скопје, Македонија – Брз квиз. Што од следнотo има смисла?“-прашува британскиот Independent, обидувајќи се да најде одговор за чудните градби и споменици од проектот Скопје 2014. ТРИТЕ ПРАШАЊА СЕ:
в) Куќа посветена на Мајка Тереза, светец познат по својата скромност, изработена во богат стил, кој најдобро може да се опише кога Мајами се сретнува со Флинтстоунс.
,,Одговор: Ништо (нема смисла), освен ако не сте во Скопје, Македонија. Сите тие се таму како дел од новиот лик на градот, што го претвори во најкич престолнина во светот.
Пред околу една деценија, тогашната владејачка партија во Македонија излезе со идеја за проект за изградба и реновирање низ целата земја, како начин да се присвои дел историјата и да се привлечат туристи.
Стотици нови скулптури беа поставени низ градот, многу нови градби беа подигнати во центарот на градот, а десетици лажни фасади беа додадени врз зградите од комунистичката ера.