МОСТ под притисок на власта?

by Фокус 09:47
09:47

Организацијата МОСТ најави прес конференција во 11.30 по информациите дека финансиската полиција упаднала во асоцијацијата, која е сериозен и критички набљудувач на изборите, за да го провери финансиското работење. Што точно се случува најверојатно ќе биде соопштено на пресот.

Поранешниот белгиски посредник Питер Ванхауте синоќа на Твитер напиша: „Награда за Владата која испрати финансиска инспекција да ја замолчи невладината организација која е критична кон подготовките за изборите“.

- Advertisements -

Дали написот на Ванхауте е поврзан со невладината организација МОСТ? Дали ова е класичен обид да се замолчат набљудувачите? Најверојатно многу повеќе ќе открие Дарко Алексов на прес конференцијата.

 

Поврзани новости