МОСТ: Нема доволно време за целосна проверка на Избирачкиот список

by Фокус

Граѓанската асоцијација МОСТ смета дека периодот до 24 април е краток за да се спроведе целосна и квалитетна проверка и прочистување на Избирачкиот список. Од МОСТ појаснуваат дека проверката на Избирачкиот список се состои од два дела: административен дел и теренски дел и бара повеќе време, особено во делот на споредба на податоците од институциите.

Како што велат од МОСТ, особено важно е да се проверат индициите за повеќе гласачи со исти адреси. Оттаму не ја исклучуваат потребата од промена на законите ако се утврди дека повеќе лица треба да бидат избришани од евиденцијата на гласачи.

Ставот на ДИК по ова прашање е дека избори на 24 април технички може да се реализираат, но без притоа да се спроведе проверка и прочистување на Избирачкиот список.

Поврзани новости