Ставрески: Владата ќе и обезбеди се што и е потребно на ДИК

by Фокус 20:37
20:37

Владата преку Министерството за финансии ќе одобри вработувања во Државната изборна комисија онолку колку што и се потребни и ќе помогне финансиски во сите сегменти во работењето на ДИК за да и се помогне таа да ги заврши сите активности за организирање на парламентарните избори на 24 април, информираше денеска министерот за финансии, Зоран Ставрески.

-Беа разгледани сите кадровски прашања и потреби на ДИК и утврдивме дека сите вработувања што ќе бидат потребни Министерството за финансии и Владата ќе ги одобрат. И тоа не само онолку колку што ДИК ќе побара, туку и двојно и тројно повеќе од тоа ако е потребно, така како што, впрочем, од наша страна му беше ветено на еврокомесарот Хан, се со цел ДИК навреме да ги заврши сите подготвителни активности околу прочистување на Избирачкиот список и сите други активности кои се во нивна надлежност, изјави Ставрески.

- Advertisements -

Ставрески информираше и дека веќе се одобрени 11 вработувања на ДИК, а во следниот период рече дека ќе се одобрат уште колку и да побараат од ДИК. Владата ќе обезбедела и простор за подрачните одделенија на ДИК, како и возила.

Поврзани новости