Поранешниот премиер Груевски најавува нови владини проекти

by Фокус 18:27
18:27

Поранешниот премиер Никола Груевски денеска најави пет нови проекти кои ќе ги спроведе Владата, од која тој мометално не е дел. Нејасно е дали овие проекти ги дава како лидер на партија, бидејќи наликуваат на ветувања кои би ги давал претседател на Влада.

Тој денеска пред Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ најави дека од март Владата за младите до 27 години ќе обезбеди бесплатен железнички превоз секој прв и трет викенд од месецот.

-Мерката ќе почне да се применува во март 2016 година, а за нејзино спроведување Владата ќе исплаќа дополнителни трансфери кон „Македонски железници“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertising -

 

Поврзани новости