381
На втората прес конференција граѓанската асоцијација МОСТ објави дека според потврдените информации, дојавени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, досега се забележани следните неправилности на гласачките места:
- ГМ 1778, општина Ново Село, едно лице агитирало пред гласачкото место. Дошла полиција за да го приведе, но лицето побегнало.
- Пред ОУ Димитар Влахов во општина Штип присутни се неовластени лица кои ги евидентираат гласачите кои влегуваат во објектот.
- ГМ 1849, општина Струга, еден гласач гласал и повторно се вратил во гласачкото место за да гласа по втор пат. Избирачкиот одбор не му дозволил да гласа, била повикана полиција и гласачот бил отстранет од гласачкото место.
- ГМ 2557, општина Ѓорче Петров, гласач гласал со вклучена камера на мобилниот телефон. По проверката од страна на избирачкиот одбор во телефонот не била пронајдена фотографија, па случајот бил третиран како обид за фотографирање.
- ГМ 0281, општина Валандово, гласач го фотографирал ливчето. Избирачкиот одбор повикал полиција по што гласачот бил отстранет од гласачкото место, а фотографијата била избришана.
- ГМ 1219, општина Неготино, гласач јавно кажал за кого гласал.
- ГМ 0624, општина Демир Хисар, член на избирачкиот одбор кој што гласа на истото место јавно пред сите изјавил за кого ќе гласа и гласал на масата пред останатите членови од избирачкиот одбор.
- ГМ 2011, општина Теарце, едно ливче било откинато од кочанот заедно со серискиот број. За случајот е известена ОИК Теарце.
Од МОСТ соопштија дека на гласачкото место за кое претходно беше пријавено фотографирање на гласачките ливчиња, избирачкиот одбор продолжува со толерирање на фотографирањето.