Пет лица фатени со копија од избирачки список и тетратка со матични броеви

by fokus 13:21
13:21

Во Струмица вчера фатени се пет лица кои во возилото имале копија од избирачки список, како и тетратка со име и презиме и матични броеви на лица од ромска националност и броеви на избирачки места каде истите треба да го остварат своето право на глас, соопшти МВР.

-На 10.12.2016 година, при вршење на контрола на патниот сообраќај на крстосницата од улиците „Ленинова“ и „24 Октомври“ во Струмица, околу 14.30 часот од страна на полициски службеници било сопрено ПМВ „Фиат“ управувано од Б.Г. (52) од Струмица, а во кое како сопатници биле и лицата Е.Ф. (44), А.А. (32), А.А. (55) и К.А. (37), сите од Струмица. При првичниот преглед на возилото, во багажниот простор била пронајдена копија од избирачки список, како и тетратка со име и презиме и матични броеви на лица од ромска националност  и броеви на избирачки места каде истите треба да го остварат своето право на глас- стои во билтенот на МВР.

- Advertisements -

Поради постоење основи на сомнение дека истите се сторители на кривичните дела „злоупотреба на лични податоци“, „повреда на слободата на определување на избирачите“ и „поткуп при избори и гласање“ било известено Основното јавно обвинителство во Струмица.

Поврзани новости