432
Граѓанската организација МОСТ која ги следи изборите со над 3 000 набљудувачи, ги регистрираше првите нерегуларности.
Набљудувачите на МОСТ регистрирале фотографирање на гласачкото ливче со мобилен телефон и тоа на едно гласачко место во Радовиш и на едно во Ѓорче Петров. Во Ѓорче Петров била повикана и полиција поради фотографирањето на ливчето.
Ова го информираше на денешната прва-прес конференција Дарко Алексов од МОСТ.
Освен тоа, утрово било задоцнето отворањето на избирачко место во Куманово и во Велес, поради немање струја.