Пријави за поткуп на гласачи во Скопје, Прилеп, Валандово

by fokus 11:32
11:32

Се интензивираат извештаите за поткуп на гласачите од целата земја, алармира ЦИВИЛ. Во овој момент, дежурната екипа на Центарот за слобода, обработува податоци за повеќе локации од кои доаѓаат пријавите и тоа во Скопје, Прилеп, Валандово и други општини.

Полицијата осуети обид за поткуп на гласачи, врз основа на пријавите од набљудувачите на ЦИВИЛ и во Демир Хисар. Полицијата задржа едно лице под основано сомнение за поткуп на гласачи, а постапката е во тек. ЦИВИЛ доби детален извештај од теренот за текот на „операцијата“ за поткуп на гласачи во овој и во други случаи, извештај кој наликува на вистински акционен филм.

- Advertisements -

-Во интерес на истражните постапки, повеќе детали не е можно да се споделат со јавноста во овој момент. Сепак, може да се сподели денешниот впечаток дека МВР, за првпат по долги години, изгледа како да има намера да поведе битка против изборните нерегуларности. – пишува  ЦИВИЛ.

Поврзани новости