До 10 часот гласале над 9 отсто од гласачите

by fokus

До 10 часот излегле да гласаат околу 9,49 отсто од граѓаните кои се регистрирани во Избирачкиот список на предвремените парламентарни избори во Македонија, објави Државната изборна комисија на првата прес-конференција

По изборните единици излезноста до 10 часот е следната: ИЕ1 – 11, 05 отсто, ИЕ 2 – 9,70 проценти, ИЕ 3  – 11, 36 отсто, ИЕ 4  – 11, 24 проценти, ИЕ 5 – 9, 05 отсто, ИЕ – 6, 10проценти

Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, рече дека неколку граѓани поднеле до ДИК приговор за повреда на избирачко право, а комисијата има рок од четири часа да одлучи по пријавите на овие избирачи. За дијаспората, како и за гласањето на болните, тој изјави дека податоците се уште се проверуваат.

Поврзани новости