341
Според асоцијацијата МОСТ до 11 часот на референдумот излегле малку над 10 отсто од галсачите. МОСТ со многубројни набљудувачи го следи процесот во општина Центар.
Тие имаат забележано и неколку неправилности. На гласачкото место 2809 на улица „Народен фронт“ осум ливчиња биле скинати заедно со кочанот, исото било направено и на местото 2832 на „Мирче Ацев“ со 4 ливчиња, а на избирачкото место 2831 со две ливчиња.
МОСТ известува дека на едно гласачко место интервнирала полицијата оти имало вербална караница на избирачкото место 2830, која продолжила и надвор. Полицијата го отсранила лицето кое ја предизвикало.
Од набљудувачите на МОСТ има инфомација дека на некои места се читаат на глас имињата на гласачите.