Заев: Опозицијата не може да спрема сценарија, власта е таа која ги има институциите

by Фокус

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервјуто за Радио Слободна Европа зборува за Гошинце, за проблемот со Грција, за евентуалното преземање на власта, но за обидот на Никола Груевски него да го престави како иницијатор на граничниот инцидент кај Гошинце.

„Знаете како, девет години ние сме предавниците во државата. Испадна Заев и СДСМ Се супермен најверојатно, мислам Заев влегол таму слушал со години наназад, ќе испадне дека и кога сум бил на училиште сме слушале. Прво беа странски служби, некои комбиња, апсолутно мислам дека тоа никаде не поминува. Прво, државата е таа којашто треба да ги има работите под контрола и верувам дека ги има, пред сè од професионалците. Ај што е забегана работата од политичарите коишто ги водат институциите, тоа е друго прашање кое веќе и граѓаните го знаат, го дадовме на показ на целата јавност. Во исто време ваква дрска и безобразна власт која узурпирала сè од страна на институции, механизми кои постојат во ова наше општество, апсолутно некој само да го постави прашањето, зарем е можно, таа, таквата уплашена, не знам каква ли не опозиција којашто ја опишуваат да биде креатор на сето она кое провладините медиуми го прават. Јас искрено се надевам дека ја знаат својата одговорност којашто ја носат провладините медиуми, без разлика дали некој стои на потпишан текст или на прилог. Без разлика или не, одговорноста е огромна, сето она коешто денеска така лесно ќе го изусти треба да знае дека во иднина понесува одговорност. Не поради Заев, оти нешто пати од тоа или било што, туку предизвикува некогаш неповратни работи кои се апсолутна штета врз државата Република Македонија“.- вели Заев во интервјуто

Поврзани новости