585
Морбидна глетка пријавил граѓанин во полициската станица во Чаир вчера попладне. Како што информираат од МВР вчера било пријавено дека на улицата „Боца Иванова“, на втората капија за влез на гробиштата „Бутел“, куче влечело нога од човечки трип.
„На улицата „Боца Иванова“, на втората капија за влез на гробиштата „Бутел“, од страна на граѓанин било забележно како куче скитник влечело дел од човечко тело (нога). Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот и од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид. По наредба на Јавен обвинител пронајдениот дел од човечкото тело било предадено во Институтот за судска медицина за натамошно вештачење“, велат од полиијата.