Ја исшамарал поранешната сопруга пред нејзините колеги во ресторан, а потоа и упаднал дома и ја претепал

by fokus 12:33
12:33

44-годишната Н.Н. од Битола заврши со тешки телесни повреди откако ја нападнал поренашениот сопруг со иницијали М.Г. Според полицијата во саботата околу 15.00 часот додека Н.Н. била заедно со нејзините колеги на прослава во ресторан во Битола каде бил присутен и нејзиниот поранешен сопруг М.Г. Пред крај на прославата М.Г. физички ја нападнал Н.Н. удирајќи ја со шлаканици, по што пријавителката повикала такси возило и си заминала во нејзиниот дом.

„После половина час М.Г. заѕвонил на вратата од домот на Н.Н. и откако отворила тој веднаш физички ја нападнал пришто и се нанесени тешки телесни повреди. М.Г. продолжил да и упатува закани по нејзиниот живот, а почнал да ја крши и покуќнината по што од страна на соседите била повикана полиција. Се работи на целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.

- Advertisements -

Поврзани новости