Морачанин и Милевски без коментар за новата политичка ситуација

Лидерот на ЛДП рече дека нема да дава изјави за медиуми.

by Фокус

Маја Морачанин и Горан Милевски, лидери на владејачките ДОМ и ЛДП, засега не се произнесуваат околу новонастанатата политичка ситуација, откако ВМРО-ДПМНЕ, ААА, Левица и Беса синоќа објавија дека имаат ново парламентарно мнозинство.

Фокус вчера се обрати до Морачанин со прашање дали преговараат или размислуваат да се приклучат кон новото мнозинство, со оглед дека од таму најаваат дека тоа може да порасне од сегашните 61 до 64-65 пратеници? Но, досега не добивме одговор.

Милевски, пак, кусо ни изјави дека нема да дава изјави за медиуми. Меѓутоа, пред БЕСА вчера да ја официјализира одлуката дека ја менува страната, Милевски рече: „Додека ја чекаме оставката на Заев, ќе дочекаме нови избори“.

Инаку, дел од медиумите објавија дека пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи Зејд ја повлекува поддршката за новото мнозинство, бидејќи, меѓу другото, не му било кажано дека ќе биде вклучена антизападната Левица на Димитар Апасиев, туку ЛДП на Милевски.

За разлика од него и Морачанин, досега во јавноста се огласија други „помали“ коалициски партнери во власта, меѓу кои лидерите на НСДП и ДС-Тито Петковски и Павле Трајанов, кои се изјаснија против иницијативата за недоверба на владата.

Трајанов за Фокус: „Берзата“ за пратеници е отворена

Петковски: Лесно ќе урнат, тешко ќе направат влада

Поврзани новости