Уште 13 починати и 601 новозаразени

by Фокус

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 13 починати лица и 601 нови случаи на ковид, соопшти Министерството за здравство.

Од починатите, по двајца се од Скопје (72 и 81), Куманово (60 и 89) и Кочани (64 и 72), а по едно починато лице има од Кавадарци (78), Демир Хисар (75), Битола (68), Крива Паланка (58), Велес (73), Неготино (45), и Виница (78). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Истовремено, регистрирани сe и 304 оздравени пациенти.

Поврзани новости