МОН: Наставник не смее да нападне и повреди ученик, тоа е недозволиво

by Fokus

Министерството за образование и наука, го осудува индицентoт во ООУ „Живко Брајковски“, каде што наставник нападнал и повредил ученик од истоименото училиште.

По добиените наоди од извршениот надзор од страна на Државниот просветен инспекторат, Министерството за образование и наука очекува соодветно санкционирање на наставникот.

„Веруваме дека секоја ситуација и конфликт може да се разреши по мирен пат, со разговор, а не со физички пресметки и напади. Штетата е уште поголема што не станува збор за инцидент помеѓу ученици, туку помеѓу наставник и ученик.Апелираме до сите наставници и ученици, проблемите со кои се соочуваат, конфликтите, да ги решаваат во присуство и со помош на психолошко-педагошката служба во училиштата, како и во присутво на родителите и раководните лица на образовната установа“ – се наведува во соопштението од МОН.

Поврзани новости