МОН: Имаше неколку изолирани случаи со наплаќање свидетелства

by fokus

Од Министерството за образование и наука (МОН) потврдија дека имало изолирани случаи во неколку училишта каде се вршела наплата за надоместок за свидетелства и велат дека Државниот просветен инспекторат ќе постапи. Училиштата не смеат да наплаќаат такси за издавање на свидетелствата и тоа им го укажавме со допис уште пред крајот на учебната година,  соопшти МОН како одговор на реакцијата од Сојузот на средношколци дека некои училишта наплаќаат за свидетелствата и допломите за завршено средно образование.

МОН посочува дека педагошката документација потребна за крајот на учебната година се обезбедува од Бирото за развој на образование при што секое училиште добива дополнителни 5 отсто во случај на грешки и слично.

– Потсетуваме дека согласно Уставот на Република Северна Македонија, како и член 3 од Законот за основно образование, и член 3 од Законот за средно образование, секое дете има право на бесплатно и квалитетно образование, велат од МОН.

Поврзани новости