21 новозаразен и еден починат во изминатите 24 часа

by fokus
Дваесет и еден нов случај на КОВИД-19 од направени 4370 тестирања, еден починат и седум оздравени пациенти се регистрирани во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство.
Шест од новодијагностицираните се од Кичево, по четворица од Скопје и Тетово, двајца од Прилеп и по еден нов случај имаат Битола, Велес, Дебар, Куманово и Охрид.
Починатото лице е 72-годишен од Куманово, кој починал во болнички услови. Четворица од седумтемина оздравени се од Скопје, двајца од Кичево и еден од Струмица. Активни случаи на КОВИД-19 во земјава има 438, од кои 189 се во Скопје.

Поврзани новости