Министерството за образование и наука ги затвори вратите за студентите, кои сакаа да учествуваат на дебатата во МОН, за државниот испит, која првично требаше да се одржи на Педагошкиот факултет.
Додека студентите чекаат на улица, зад затворени врати, заседава министерот за образование и наука, Абдулаќим Адеми, заедно со професорите од Педагошкиот факултет.
Во моментот, околу 50 студенти чекаат одговор од обезбедувањето на министерството, кое пак чека инструкции дали да им дозволи да влезат.
Студентите од Студентскиот Пленум во рацете држат транспаренти и извикуваат: „Го погребавте образованието“, „Дојдов, видов, избегав“ и Студентскиот Пленум заслужува дебата“.
Поддршка на студентите им дадоа и професорите Синоличка Трпкова и Небојша Вилич од Факултетот за драмски уметности.