Владата побегна од Педагошки факултет – дебатата преместена во МОН за да се избегне средба со Студентски пленум!

by Фокус

Од Студентскиот пленум соопштија дека јавната дебата околу државниот испит и другите мерки предложени од страна на Владата во која „ќе бидат вклучени сите засегнати страни“ која треба да се оддржи во  Педагошкиот факултет во 14 часот денеска, во последен момент е преместена за во Министерство за образование и наука.

„Исплашени од нашата реакција, во последен момент дебатата ја преместија од Педагошки факултет во Министерство за образование и наука! Се гледаме во 2 пред министерството. Ширете ја информацијата и да живее демократијата!!!“, стои во објавата на Студентски пленум

Стефан Видиков од Студентскиот пленум во изјава за „Фокус“ пред да биде откажана дебатата на Педагошки факултет рече дека тие се револтирани бидејќи никој не ги повикал на „јавната дебата“ и поради тие причини, тие сами ќе се појават таму.

– Планираме да се собереме и со транспаренти во рацете да се упаднеме да дебата, на која за жал никој не нѐ повикал. Дебатата е божем јавна, пред два дена е закажана, а никој не е информиран за тоа – тврди Видиков.

Поврзани новости