СДСМ: Сите напредуваат кон Брисел, само Македонија назадува

by Фокус

Заклучоците на Советот на ЕУ донесоа добри вести за сите држави од нашиот регион, освен за Македонија, која, наместо пофални зборови, добива забелешки, главно за судството и медиумските слободи, вели Лидија Димова од СДСМ.

– За Црна Гора се констатира подобрување на независноста и ефикасноста на судството и се забележува напредок и во борбата против корупцијата. За Србија Советот има пофални зборови за подготвеноста на српската администрација и забележува напредок кај борбата против корупцијата и организираниот криминал. За Албанија, забележан е успех во борбата против организираниот криминал и реформата на судството. Дури и за Косово и Босна и Херцеговина Советот нотира превземање на чекори за напредок. За Македонија Советот на ЕУ има сериозни предупредувања за назадување на реформите, особено ги нагласува „сериозните недостатоци кај независноста на судството и кај медиумските слободи“, но и растечка политизација на државните институции и политичката криза во државата – рече Димова.

Според неа, загрижувачки е и тоа што во параграфот за добрососедски односи нема осврт само на билатералниот спор со Грција, туку и на односите со Бугарија.

Поврзани новости