Момче во Сараево починало во базен пред неговата мајка

by fokus

Синоќа на базен во Сараево се случила трагедија, откако младо момче починало како последица на срцев удар.

Момчето било член на фудбалската академија „Срѓан Младиниќ“ од Сплит. Како што пишуваат медиумите од Босна, тоа починало при скок во базенот.

„Според моите информации, станува збор за срцев удар. Во критичниот момент, освен други деца, на базенот биле и неговата мајка, тренер и спасувач. Се обиделе да му помогнат на малото момче, но за жал, немало спас“, истакна Алмир Пргуда, директор на фудбалскиот турнир „Шампион Јуниор Куп 2019“.

Поврзани новости