„Единствена Македонија“: Измеќарот Заев не може да разбере што значи национален и државен интерес

by fokus

Откако дојде до сплотеност и единство во одбрана на името и од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, и од Единствена Македонија и големиот број организации кои членуваат во „Македонија-Блокира“ и воопшто од сите сите национални и патриотски сили во земјата и дијаспората, странскиот измеќар Зоран Заев е во паника и затоа секојдневно по налог на своите странски газди плука против сплотениот македонски народ кој се бори да го спречи Заев да избрише се што е македонско, велат од „Единствена Македонија“.

„Борбата за одбрана на светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ не е битка за поединци, лидери или за власт, ова е битка за опстанок на цел еден народ, ова е битка за Македонија и Македонците, а после на избори секој нека оди со своите определби оти простата вистина вели дека доколку се сруши државата сите ќе не затрупа во неа!

За жал на македонскиот народ, измеќарот Зоран Заев опиен од својата поданичка улога спрема своите странски газди и болните амбиции за власт и ненормално трупање на профит од позиција на власт не може да разбере што значи национален и државен интерес на Република Македонија“, велат од партијата.

Поврзани новости