Момче со „ауди“ удри жена во Скопје

by Fokus

Млад возач на 18-годишна возраст удрил жена во Скопје, која добила тешки телесни повреди, соопшти полицијата денеска за вчерашната несреќа.

„На 24.01.2022 во 10.20 часот било пријавено дека на ул.„Славеј Планина“ во Скопје, патничко возило „ауди А4“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(18) од Скопје удрило во пешакот Ќ.У.(72) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ќ.У., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, соопштија од МВР.

Поврзани новости