454
Запросување на девојка за малку ќе завршело трагично кога момчето наместо прстен, извадил пиштол.
-На 10.08.2018 година во 21.00 часот во Полициската станица Гостивар, А.М. (28) од с.Здуње, гостиварско, пријавил дека околу 19.30 часот пред неговата куќа дошол Н.Е. од с.Врапчиште, тетовско, кој ја побарал за сопруга неговата сестра. Откако како А.М. не дозволил, Е.Н. извадил пиштол и му се заканил дека ќе го убие, по што заминал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за расчистување на случајот, информираат од МВР.