Во камион пронајден починат кавадарчанец

by fokus

Шеесет и двегодишен кавадарчанец бил пронајден мртов, во камион, кој се наоѓал во хала која ја користела фабриката „Дрекслермаер“.

-На 10.08.2018 година во 18.25 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека во кругот на фабриката „ИГМ Трејд“, во хала која ја користиела фабриката „Дрекслермаер“, во товарно возило „МАН“ со кавадаречки регистарски ознаки, сопственост на фирмата „ВИП Илија“-ДООЕЛ-Кавадарци, бил пронајден починат З.Ј. (62) од Кавадарци. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, инормираат од МВР.

Поврзани новости