Иванов не се сретнал со Генералот на НАТО зошто бил на одмор

by fokus

По поканата за членство во НАТО која Алијансата и ја испорача на Македонија, две делегации на НАТО предводени од Генералот Скапароти и директорот за европски партнерства на НАТО МекКи пристигнаа во Македонија. Претседателот Ѓорге Иванов, пак, кој  ја премолче поканата од НАТО по Самитот во Брисел и немаше обраќање до јавноста, не прими ниту една од овие делегации, пишува НОВА ТВ.

Од Кабинетот на претседателот Иванов, на прашање на НОВА ТВ зошто претседателот не се сретнал со Врховниот командант на НАТО, одговориле дека овие денови му биле единствени на агендата за одмор.

Од Кабинетот не одговориле на прашањето дали Претседателот летува во Охрид или е надвор од државата, па не можел да стигне на средбата со генералот на НАТО.

Поврзани новости