529
Дваесет годишно момче почина во сообраќајна несреќа што вчера се случила во близина на Плетвар.
Според информациите од МВР, сообраќајката се случила во 17.10 часот на магистралниот пат Птилеп -Градско, кога се судриле автомобил „Фиат“ и моторцикал „јамаха“. Момчето М.М. од селото Слатино го управувал моторот, а од здобиените повреди починал на самото место.
-Н.К. и совозачот М.К. со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Градска болница Прилеп. Извршен е увид на местото на настанот, информираат од МВР.