Тешко повредени тројца пензионери додека се возеле во автобус

by fokus

Со тешки телесни повреди вчера се здобиле тројца скопјани на возраст од 81, 84 и 78 години, кога автобусот во кој се превезувале удрил во бетонси столб од подвозник.

-Во 12,05 часот на улица „100“ во село Волково, скопско Д.Б.(43) од село Волково, скопско, управувајќи автобус удрил во бетонски столб од надвозник. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле патниците Б.Д.(81), М.Т.(84) и З.П.(78), сите од Скопје. Лицата се пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза” и Градска општа болница „8-ми Септември“ за укажување лекарска помош и се задржани на понатамошно лекување. Во незгодата исто така седум патници се здобиле со телесни повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Извршен е увид на местото на настанот, информираат од МВР.

Поврзани новости