Могерини: Нашите пријатели во Северна Македонија знаат дека реформите се важни исто колку и Договорот

by fokus

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, на прес-конференцијата по денешниот Совет за надворешни работи, рече дека посакува Северна Македонија да добие почеток на преговори во јуни ако се исполнат реформите, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Ова претставува позитивен чекор кој ќе има влијание врз отворањето преговори, но не е единствен елемент, и тоа нашите пријатели во Северна Македонија го знаат, дека фокусот на реформската агенда е исто толку круцијален како договорот, но јас видов голема одлучност за реформската агенда и добив уверувања кога се сретнав со премиерот Заев како и со министрите за надворешни и за одбрана, рекоа дека ќе го задржат фокусот, рече Могерини одговарајќи на прашање на МИА.

Таа додаде дека “би било добро да се има почеток на преговори не само со Северна Македонија, но и со Албанија во јуни“.

Шефицата на европската дипломатија рече дека денешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ започнал со аплауз од сите присутни за Преспанскиот договор, што, како што рече Могерини, “не е вообичаен начин на започнување на Советот за надворешни работи“.

– Изразивме задоволство за лидерите како и за народите на двете земји, рече таа.

Поврзани новости