502
Шефицата на ЕУ дипломатијата, Федерика Могерини, денеска соопшти дека на вечерата со балканските премиери ќе разговара за иднината на сорабоката помеѓу регионот и ЕУ.
ЕУ се загрижена поради порастот на националистичкиот говор на Балканот, особено кога тој доаѓа од високи политичари. Па така една главните причини за оваа покана е како балканските лидери да најдат начин и да научат дека не треба да разменуваат националистички пораки.
-Во последните настани имаше некои тешкотии но и некои добри чекори па оттука добро е да се сретнеме и да споделиме мислења, сите заедно, за чекорите што треба да се направат во иднина. Верувам дека ова е одлична можност за градење подобро регионално разбирање, рече Могерини.