УХМР најавува пороен дожд, ветер и град

by Fokus 14:34
14:34

Невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер и град најавуваат за попладне синоптичарите од УХРМ.

Според соопштението, до сабота подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на неколку влажни воздушни бранови, па времето претежно во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд и грмежи.

- Advertisements -

Во четврток ќе биде претежно облачно преку целиот ден и се очекуваат пообилни врнежи од дожд, особено во јужните делови. На места вкупните количества може да надминат 45 литри на квадратен метар.

Поврзани новости