461
Горан Стефановски почина синоќа во Англија, а во шок ги остави колегите и театрите низ Македонија. Македонскиот народен театар преку својот Фејсбук профил, се прости со легендарниот драматург.
„Замина Горан.
Замина токму кога сите го очекувавме да се врати со неговото продолжение на „Бушавата азбука“ и да облагороди уште многу млади генерации.
Замина кога очекувавме некој нов текст, како што со нетрпение и возбуда секогаш очекувавме дека Горан пишува нешто ново.
Замина, но зад себе остави едно огромно богатство како аманет за сегашните и сите идни генерации како сведоштво за едно време кое веќе го нема, а сè уште е актуелно.
Не, Горан не замина. Великаните остануват за навек.
Нема збогум!
Вечна ти слава маестро“, велат од МНТ.