Петмина работници затрупани при уривање на бетонски ѕид на градилиште во Турција

by fokus

Петмина работници се затрупани под остатоците од бетонски ѕид, што се уранал денеска при изградбата на надвозник на автопат близу градот Гебзе во северозападниот турски округ Коџаели.

Како што јави Си-Ен-Ен Турк, ѕидот се урнал од висина од 30 метри, повлекувајќи ги со себе петмината работници.

На местото на инцидентот пристигнале амбулантни и противпожарни возила, а спасувачките тимови работа на пронаоѓање на затрупаните работници.

Поврзани новости