Дипломатско конзуларните претсавништва на Република Северна МАкедонија во Берн, Берли, Болн и Минхен ќе работат во две смени, поради зголемениот прилив на барања за нови пасоши. Ова денес го најави министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој рече дека за прв пат воведуваат двосменско работење во овие амбасади и дека ако се јави потреба ќе воведат и во други.
„Во одредени амбасади има зголемен број барања за издавање нови пасоши, пред се поврзано со рокот за замена на патните исправи до февруари 2024 година. Одлучивме да испратиме една група конзуларци од МНР за да овозможиме двосменско работење во овој период. Во оваа прва група според бројот на апликации почнуваме со двосменско работење во Берн, Бон, Берлин и Минхен. како ќе се појавуваат потреби во други градови така ќе пристапиме. Ова е првпат нашите декапеа да работат двосменско поради овој прилив на барања“, изјави Осмнани на брифингот со новинарите.