МНР уверува: Нема тајни преговори со Бугарија, разговараме за патоказ

by Фокус

Нема никакви тајни преговори со Бугарија, разговараме за практичен патоказ за имплементација на членовите од Договорот за добрососедство, изјави Зоран Попов, државен секретар од МНР, кој е дел од преговарачкиот тим со соседна Бугарија.

-Формата се уште не е утврдена. Се разговара за документ, ќе видиме дали тоа ќе биде меморандум или протокол кон имплементација на Договорот. Патоказот е еден дел од разговорите кои се во тек и тука нема никакви тајни работи или детали. Можам да кажам дека патоказот се однесува на забрзана имплементација на Договорот за добрососедство и соработка во различни области – економија, образование, одбрана, култура, животна средина и така натаму – изјави Попов на Телма.

Како преговарачки тим под раководство на премиерот, нагласи Попов, никој ниту во еден момент не прифатил разговори кои се однесуваат на македонскиот јазик и идентитет.

Поврзани новости