МНР: Упатувањата во дипломатско-конзуларните претставништва се вршат во согласност со релевантна законска рамка

by fokus

Министерството за надворешни работи реагира на соопштението на Синдикатот на дипломатската служба и вели дека упатувањата во дипломатско-конзуларните претставништва се вршат во согласност со релевантна законска рамка.

-Истата го опфаќа Законот за надворешни работи, одредбите содржани во Правилникот за упатување и сите други релевантни подзаконски акти. Секако дека овие факти се познати и за лицата кои се претставуваат како Синдикат, а впрочем се обидуваат да извлечат лична или политичка корист.

Министерството за надворешни работи, како досега, така и во иднина ќе се грижи за функционирањето во доменот на надворешната политика и заштита на националните интереси, вклучително преку дипломатско-конзуларната мрежа и секако, во рамки на можностите дефинирани со буџет, се вели во реакцијата на Министерството за надворешни работи.

Поврзани новости