МНР објави СОС броеви за македонските граѓани во Турција

by fokus

По силниот земјотрес во југоисточниот дел на Република Турција, Министерството за надворешни работи соопшти дека стапило во контакт со Амбасадата на Македонија во Анкара и Генералниот Конзулат во Истанбул, кои се во постојана комуникација со надлежните институции на Турција.

-Нашите ДКП-а во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732, информираа од МНР.

Бројката на загинати во Турција и Сирија надмина 500 по силниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја потресе јужна Турција рано утринава.

 

Поврзани новости