Историскиот замок во Газиантеп тешко оштетен во земјотресот

by fokus

Замокот Газиантеп, место прогласено за светско наследство на УНЕСКО во Турција, е тешко оштетен по силниот земјотрес и последователни потреси што го потресоа јужниот дел на земјата во понеделникот наутро.

-Некои од бастионите во источниот, јужниот и југоисточниот дел на историскиот замок Газиантеп во централната област Шахинбеј беа уништени од земјотресот, а остатоците беа расфрлани на патот, објави турската државна новинска агенција Анадолу.

Железните огради околу замокот беа расфрлани по околните тротоари. Се урна и потпорниот ѕид до замокот. Во некои бастиони забележани се големи пукнатини.

Куполата и источниот ѕид на историската џамија Ширвани, која се наоѓа веднаш до замокот и се вели дека била изградена во 17 век, исто така делумно се урнати.

Според археолошките ископувања, замокот првпат бил изграден како караула во римскиот период во II-IV век од нашата ера и се проширил со текот на времето.

Поврзани новости