Доцна синоќа во Турција, на 10 километри од Малкара и околу 40 километри до грчко-турската граница се случи сообраќајна незгода помеѓу туристички автобус во кој се превезувале македонски државјани и камион, извести денеска МНР.
Од МНР велат дека во трагичната несреќа, според досегашните информации на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, за жал, животот го загуби едно лице, додека околу четириесетина граѓани се повредени.
Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Генералниот конзулат на Република Македонија во Истанбул и Амбасадата на Република Македонија во Анкара се во постојан контакт со сите надлежни инстутуции во Турција.
Сите информации поврзани со состојбата на повредените патници ќе може да се добијат на следните дежурни телефони:
Генерален конзулат на Република Македонија во Истанбул
Мобилен телефон: +90 535 108 5622,
Телефон: + 90 212 249 99 77; + 90 212 251 22 33
Е-пошта: istanbul@mfa.gov.mk
Адреса: Inönü Cad., Üçler Apt. No: 12 D 4, Gümüşsuyu, Taksim, İstanbul
Амбасада на Република Македонија во Анкара
Мобилни телефони: +905383130343; +905385466691
Телефон: + 903 12 439 92 08 F: + 903 12 439 92 06
Е-пошта: ankara@mfa.gov.mk
Адреса: Karaca sokak 24/5-6 Gaziosmanpasha Ankara
Министерство за надворешни работи на Република Македонија
Мобилни телефони: +38975 237 021
Тел: +389 2 3115 266, лок. 168 Факс: +389 2 3115 790
Е-пошта: PR@mfa.gov.mk, infocentar24/7@mfa.gov.mk