СДСМ: Додека учениците учат од парталави учебници, Груевски ужива во дворецот на ДПМНЕ

by fokus

Од СДСМ денеска реагираат дека бесплатните учебници кои им се даваат на учениците се во многу лоша состојба.

-Додека Груевски и соработниците, удобно сместени во скапиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје листаат агенди со која лага е најдобро да излезат во јавноста, родителите со селотејп составуваат страници на учебници од кои цела година треба да учат нивните деца, се цели во соопштението на СДСМ.

Од СДСМ ветуваат дека тие од темел ќе го обновеле разрушениот образовен систем и ќе обезбеделе соодветни и достоиствени услови за учење на учениците, за работа на наставниците и професорите и систем што ќе ги поддржи родителите.

Поврзани новости