Судењето за „Диво насеље“ и денеска затворено за јавноста

by fokus 10:38
10:38

По еден месец пауза, денеска продолжува судскиот процес за случувањата во кумановско Диво Насеље, на 9 и 10 мај минатата година. Денешното рочиште е затворено за јавноста, бидејќи се уште трае сведочењето на заштитените сведоци, а во текот на месецот ќе се одржат уште четири судски рочишта.

Судењето се одржува во големата сала на Врховниот суд, поради големиот број на обвинети, 37 лица. Бројот на обвинети се зголеми со припојување на предметот „Диво насеље“ и предметот „Молња“.

Во предметот „Дива Населба“ обвинети се 29 лица кои се товарат за сторени кривични дела терористичко организирање од членот 394-а и тероризам од членот 394-б од Кривичниот законик.

Во предметот „Молња“, пак, обвинети се 8 лица за помагање на вооружената група.

Поврзани новости