МНР длабоко се извинува за погрешното знаме на средбата Османи – Фајон

by Fokus

Словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон во кабинетот на својот колега Бујар Османи беше пречекана со знамето на Република Словачка.

Министерството за надворешни работи изразува длабоко извинување за ненамерниот пропуст при употребата на малото знаме на тет-а-тет средбата на двајцата Министри при посетата на Министерката Фајон на земјава, кое беше едно од десетте државни обележја кои беа употребени за време на средбите

Во исто време дозволете да информираме дека состанокот, како всушност и целата посета на Министерката Фајон помина во исклучително позитивна и пријателска атмосфера со важни пораки кои беа разменети и на самите состаноци, но и испратени во јавноста.

Иако не може да има оправдување за направениот пропуст, Министерката со целосно разбирање ја прими грешката како ненамерна, без никакво влијание врз успешноста на средбите и посетата.

Информираме дека Министерството за надворешни работи дополнително ќе ги зајакне протоколарните проверки со цел во иднина да не се повтори ваква ситуација, стои во соопштението од МНР.

Поврзани новости