368
Министерството за надворешни работи демантира дека ќе се проширува тимот за преговори со Грција за името на државата.
– Владата на Република Македонија ќе ги информира медиумите, а со тоа и јавноста за понатамошните чекори за ова важно и чувствително прашање кое е од највисок државен интерес – изјавиле од МНР за МИА.
Како што и претходно во неколку наврати беше посочено од МНР, во Брисел на 12 декември 2017 на преговорите за надминување на разликата околу името ќе присуствува преговарачот и амбасадор во САД Васко Наумовски, заедно со дипломат од МНР.