Ловџијата што усмрти човек за време на лов во струмичко лажел дека починатиот се самозастрелал

by Фокус

Триесет и осум годиниот струмичанец З.Ј (38) заработи кривична пријава за “тешки дела против општата сигурност“, бидејќи за време на лов во близина на браната Водоча испукал куршум кој го погодил и усмртил Ж.И. од селото Рич, кој во моментот се движел по шумска патека низ непрегледна шума на оддлеченост од околу 30  метри.

Од МВР денес соопштија дека пријавениот, со намера да го прикрие настанот, ги известил другите лица кои во меѓувреме дошле на помош, дека Ж.И од невнимание се самозастрелал. Притоа, тој ја зел пушката која ја користел сега починатиот и ја пренел на друго место на оддалеченост на околу 50 метри, потпирајќи ја на една грмушка и враќајќи го петлето од пушката напред.

„Откако повредениот од страна на другите лице кои биле на лов бил качен на трактор, со цел побрзо да му се пружи лекарска помош, пријавениот ја земал пушката со која бил на лов, заминал кон брана Водоча, земал метална жица и го одбравил затворачот на пушката кој бил оштетен, го извадил и го фрлил и употребениот патрон во водите на брана Водоча, по што пеш заминал за с. Белотино, враќајки ја пушката на лицето од кое ја зел заедно со уште четири неупотребени патрони“, велат од МВР.

Повиканата екипа од итната медицинска помош од Струмица веднаш дошла и укажала лекарска помош по што повредениот со медицинско возило бил префрлен во ЈЗУ Општа Болница- Струмица, каде и покрај пружената лекарска помош и реанимација, им  подлегнал на повредите. Од извршените проверки било утврдено дека пријавениот и починатото лице не поседувале огнено оружје со дозвола за оружје, ниту пак биле членови во Ловното дрштво „Беласица“ од Струмица.

По наредба на јавен обвинител извршена е обдукција врз телото на починатиот. Пријавениот е лишен од слобода и задржан во ПС од ОН Струмица. По целосно расчистување и документирање на настанот од страна на СВР-Струмица, изготвена е кривична пријава и доставена во ОЈО-Струмица, а судија на претходна постапка од Основниот суд Струмица на З.Ј. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Поврзани новости