ФРОДЕМ: Брзиот Конгрес покажува дека ВМРО нема сили да се оттргне од прегратките на „фамилијата“

by Фокус

Здружението Фронт за демократска Македонија обвинува дека набрзина закажаниот и нестатутарно одреден предлог-термин за одржување на вонредениот конгрес на ВМРО ДПМНЕ е во прилог на ретроградните сили, криминализираните структури и непријателите на партијата.

„Желбата да се одржи брз вонреден конгрес замислен според теркот на досегашното раководство во заминување, уште еднаш ќе покаже дека партијата се уште нема сили да се оттргне од прергратките на „фамилијата“. Одржувањето на вонредниот конгрес на партијата не треба да доведе до ново и дополнително разединување на партиското членство, туку тој треба да биде обединувачки конгрес“, велат од ФРОДЕМ.

Од таму бараат Ценралниот комитет да усвои критериуми за демократски избор на делегати на вонредниот конгрес и да го утврди максималниот број на делегати, а по усвојување на одлуката за вонреден конгрес и усвојувањето на критериумите за избор и број на делегати, да се избере заедничко координативно тело. До оддржување на конресот со пратијата, да раководи новоизбраното координативно тело кое ќе изготви нацрт-измени и дополнувања на Статутот и ќе овозможи општинските и месните комитети на партијата демократски да изберат делегати за конгресот на кој ќе се избре нов лидер на партијата и новите органи и тела. До изборот на новото партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ, координативното тело треба да даде максимална заштита и поддршка на сите обвинети и осомничени партиски членови, да се залага да се почитува презумпцијата на невиност, да бара правично и фер судење на сите обвинети како и спречување на селективната правда.

Поврзани новости