541
Откако во тензична атмосфера беше донесен Законот за јавно обвинителство, спикерот Талат Џафери даде пауза од еден час пред да почнат наредните седници на чии дневен ред се гласањата за законот за Советот на јавни обвинители и за законот за одбрана.
За првиот не би требало да има проблем бидејќи се потреби 60 гласа, но проблематичен може да биде законот за одбрана за чие донесување се потребни 80 гласа.
Според извори на 360 степени, во тек се консултации за да се утврди дали има толкав број пратеници што би гласале за овој закон, зашто дел од нив се двоумеле како да постапат.